Францускиот тенисер иако славенички, на својот 30. роденден не успеа да си го подари најдобриот подарок, победа над лидерот во АТП листата.
На првиот носител му беа потребни само еден час и 14 минути игра за да се пласира во наредното коло. Во следниот круг Србинот ќе игра против победникот од средбата помеѓу Хјуит и Раониќ.
Цонга исто така продолжува понатаму после победата од 3-0 над Жил а Ришар Гаске го елиминираше Јанко Типсаревиќ.

