25-годишниот шпанец го победи Словачкиот квалификант Лукас Лацко кој е на 119. место на светската АТП ранг листа со 6:2, 6:4 и 6:2 по сетови.
Лацко почна добро, со брејк на стартот но сепак сеуште не е на нивото на Надал па набрзо падна и му дозволи на фаворитот да стигне до предност.
Во осминафиналето, Шпанецот ќе се сретне против својот сонародник Фелисиано Лопес или против американскиот гигант Џон Иснер.

