Избраниците на Игор Гочанин повторно го започнаа добро дуелот но по две добри четвртини паднаа во темпото и со тоа претрпеа нов пораз со кој ќе се борат за освојување на 11. место на турнирот.
Доколку победевме, тогаш Македонија ќе играше за пласман од 7 до 10 место, односно пласман на Квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, но реалноста сепак е таква па ние ќе мораме да го избегнеме последното место на ова натпреварување.
После првото полувреме имавме негатива од само еден погодок, 4:5, но потоа во третата четвртина Романците се оддалечија за во последните минути кога се кршеше резултатот да не бидеме снаодливи во нападот.

