Последна пречка на момците на Игор Гочанин во групата е селекцијата на домаќинот Холандија, тим со кој имаме ист скор, по 3 порази и 1 победа.
Нам ќе ни биде потребно и реми за да стигнеме до четвртата позиција во конечниот пласман од групата А а со тоа и да играме за освојување на 7. место на првенството.
Започнавме добро, со убедлива победа против Турција, но на клучниот натпревар бевме поразени од Грција за потоа да загубиме од фаворитите Унгарија и Италија.
Денес покрај нашиот дуел со домаќините, ќе се сретнат Турција - Унгарија и Италија - Грција. Лидер на табелата е Унгарија со 12 поени, Италија и Грција имаат по 9, Македонија и Холандија по 3 а последна е Турција без ниту еден поен.

