Покрај проверените сили со кои располагаме, во тимот на црвено-жолтите ќе има место и за две дебитантки, станува збор за Ивона Цветановска и за Мери Адамческа.
Лоша вест за нашите ракометарки е што за првите два натпревари си Литванија и со Турција, Јулија Портјанко нема да биде во комбинација поради повреда, додека конечно во тимот се враќа и Наташа Коцевска.
Првопласираните две репрезентации од сите седум групи ќе обезбедат место на завршницата во Холандија, каде покрај домаќинот директен пласман обезбеди и актуелниот првак Норвешка.
Нашите девојки се наоѓаат во група 4 со Франција, Турција и Литванија. Квалификациите ги отвараме на 19. Октомври во Кале против Литванија а на 23 Октомври гостуваме кај Турција.
Поширокиот состав на Гино Стрезовски изгледа вака:
Голмани: Андрејева (Металург), Наумоска (Жито Прилеп), Треноска (Вардар), Цветаноска (Грција),
Крила: Пецевска (Металург), Митрова (Металург), Грозданоска (Металург), Стојковска (Вардар), Адамческа (Грција),
Бекови: Новеска, Е. Ѓорѓиевска, Д. Ѓорѓиевска, Барјамовска (сите од Металург), Петковска, Мркиќ, Штерјова (сите од Жито Прилеп), Црвенкоска (Италија), Кресоја (Франција), Коцевска (Германија),
Пивоти: Меческа и Младеновска (Металург).

