Уште на старт треба да кажеме дека победата на Турција можеше да биде дупло поголема, доколку противничките не се опуштија во последните пет минути и не дозволија нашите ракометарки да стопат 7 негатива.
Пред се, катастрофалната одбрана беше причината за убедливиот пораз, а со ништо не беше подобар ниту нападот на Гино Стрезовски предводен од Бајрамовска, која беше единствената расположена за голови, постигна 11.
Ја држевме контролата на натпреварот па дури и бевме во водство само во првите неколку минути, потоа следеше доминација на домаќинките кои успеаа да го завршат првото полувреме со 20:13.
Вториот дел продолжи да ги носи слабостите на нашата селекција, а домаќинките постепено почнаа да ја зголемуваат предноста која во еден момент стигна и до 14 негатива, но сепак последните 5 минути ни донесоа барем пристоен пораз од 36:28.

