SportDenes

Металурзите се намачија со Борац

Оценка
(0 гласови)
Македонскиот ракометен шампион Металург Скопје забележа тешка победа во рамките на СЕХА лигата, славејќи со 26:25 против тимот на Борац.
Гостите од Бања Лука го оставија максимумот на теренот во Автокоманда и му зададија доста проблеми на нашиот шампион и во ниту еден момент не им дозволи на Сините да стигнат до опиплива предност.

Натпреварот во текот на сите 60 минути се играше крајно изедначено со 2-3 погодоци позитива на едната или на другата страна но противникот секогаш брзо ја анулираше таквата предност.

Во последните минути момците на Лино Червар имаа човек повеќе на теренот но наместо да го искористат тоа и да стигнат до поголема предност, тие во последната минута влегоа со нерешени 25:25.

На 25 секунди пред крајот, Червар побара минута одмор по што следуваше инфаркт завршница која со погодок ја круниса Наумче Мојсовски на 3 секунди пред крајот за финалните 26:25.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes