SportDenes

Селекторот Стрезовски го објави списокот на ракометарките

Оценка
(0 гласови)
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Гино Стрезовски го објави поширокиот список од 21 ракометарки пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2012 година.
Покрај проверените сили со кои располагаме, во тимот на црвено-жолтите ќе има место и за две дебитантки, станува збор за Ивона Цветановска и за Мери Адамческа.

Лоша вест за нашите ракометарки е што за првите два натпревари си Литванија и со Турција, Јулија Портјанко нема да биде во комбинација поради повреда, додека конечно во тимот се враќа и Наташа Коцевска.

Првопласираните две репрезентации од сите седум групи ќе обезбедат место на завршницата во Холандија, каде покрај домаќинот директен пласман обезбеди и актуелниот првак Норвешка.

Нашите девојки се наоѓаат во група 4 со Франција, Турција и Литванија. Квалификациите ги отвараме на 19. Октомври во Кале против Литванија а на 23 Октомври гостуваме кај Турција.

Поширокиот состав на Гино Стрезовски изгледа вака:

Голмани: Андрејева (Металург), Наумоска (Жито Прилеп), Треноска (Вардар), Цветаноска (Грција),

Крила: Пецевска (Металург), Митрова (Металург), Грозданоска (Металург), Стојковска (Вардар), Адамческа (Грција),

Бекови: Новеска, Е. Ѓорѓиевска, Д. Ѓорѓиевска, Барјамовска (сите од Металург), Петковска, Мркиќ, Штерјова (сите од Жито Прилеп), Црвенкоска (Италија), Кресоја (Франција), Коцевска (Германија),

Пивоти: Меческа и Младеновска (Металург).
Спорт Денес

Спорт Денес е еден од првите Македонски спортски портали, основан на 29. Мај 2008 година. Повеќе од 3 години опстојува на македонскиот е-медиумски а наша цел е Спорт Денес да прерасне во поим за спортски портал во Македонија.

BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes