SportDenes

Женската ракометна репрезентација декласирана во Турцијa

Оценка
(0 гласови)
Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Холандија, загубивме од турчинките со 36:28.
Уште на старт треба да кажеме дека победата на Турција можеше да биде дупло поголема, доколку противничките не се опуштија во последните пет минути и не дозволија нашите ракометарки да стопат 7 негатива.

Пред се, катастрофалната одбрана беше причината за убедливиот пораз, а со ништо не беше подобар ниту нападот на Гино Стрезовски предводен од Бајрамовска, која беше единствената расположена за голови, постигна 11.

Ја држевме контролата на натпреварот па дури и бевме во водство само во првите неколку минути, потоа следеше доминација на домаќинките кои успеаа да го завршат првото полувреме со 20:13.

Вториот дел продолжи да ги носи слабостите на нашата селекција, а домаќинките постепено почнаа да ја зголемуваат предноста која во еден момент стигна и до 14 негатива, но сепак последните 5 минути ни донесоа барем пристоен пораз од 36:28.
Спорт Денес

Спорт Денес е еден од првите Македонски спортски портали, основан на 29. Мај 2008 година. Повеќе од 3 години опстојува на македонскиот е-медиумски а наша цел е Спорт Денес да прерасне во поим за спортски портал во Македонија.

BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes