Капитенот на ракометната репрезентација ги повтори зборовите на Влатко Илиевски „Леле луѓе што направивме!“, на плоштадот Македонија и посака се почесто да ги повторуваме за успесите во сите спортови.
Истовремено, покрај благодарноста кон Македонскиот народ, капитенот им порача на Данците дека ќе го вратиме долгот на Олимписките игри, додека иронично нагласи дека таа среќа ќе ја немаме со Германија, тие не успеаа да се изборат за квалификациите за ОИ.
„Данци, ќе ви вратиме во Лондон, не заборавивме, ќе се сретнеме пак и тогаш нема да ја имате онаа среќа која ја имавте во Белград“, истакна Лазаров на плоштадот Македонија.

