SportDenes

МКФ упати честитки до ракометарите

Оценка
(1 глас)
Македонската Кошаркарска Федерација со полно срце честита на импресивниот настап и големиот успех на ракометната репрезентација на Македонија на Европското првенство во Србија
Со прикажаната борбеност, играта со срце, посветеноста и квалитетот на сите поединци, кои заедно сочинуваат фантастичен тим, потврдивте како треба да се бранат боите на репрезентативниот дрес.

МКФ гордо и со полно срце, Ви го честита овој историски успех и Ви посакува уште подобри резултати во иднина, со искрена надеж дека заедно ќе бидеме дел од македонската делегација на Олимписките игри во Лондон и ќе продолжиме да ја пишуваме македонската спортска историја.

Со почит,
Македонска Кошаркарска Федерација
BetAdria.com

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes