SportDenes

Македонија ќе ги пречека ракометарите во 14 часот

Оценка
(1 глас)
Македонската ракометна експедиција околу 14 часот треба да пристигне на плоштадот Македонија каде што ќе биде спектакуларно дочекана.
Момците на Шундовски, остварија историски успех освојувајќи го 5. место на Европското првенство, изборија место во квалификациите за Олимписките игри а Кирил Лазаров е најдобар стрелец на сите времиња со 61 постигнати погодоци.

Кире Лазаров и компанија веќе се тргнати од Белград со автобус а се очекува околу 13 часот да бидат на граничниот премин Табановце по што автобусот ќе се упати кон Скопскиот плоштад.

Пречекот официјално го организица Агенцијата за Млади и спорт а ЈСП нуди бесплатен превоз за сите оние што сакаат да ги пречекаат ракометните херои.

Претседателот Иванов и премиерот Груевски најавија присуство на големиот собир а Иванов вети дека и ракометарите ќе имаат ист третман како кошаркарите и ќе добијат медал за посебни заслуги за Македонија.
BetAdria.com

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes