SportDenes

Данска е првиот финалист на ЕП во Ракомет

Оценка
(1 глас)
Селекцијата на Данска е првиот финалист на Европското ракометно првенство откако во првото полуфинале Данците беа подобри од Шпанија со 25:24.
Да се потсетиме, Данците беа на прагот на бездната во 1. коло од втората фаза но Лидберг со погодокот во последната секунда против нашата селекција им обезбеди втора шанса, шанса која Данците ја искористија и стигнаа до финалето.

Вечерашниот дуел против Шпанците помина крајно изедначено а водството континуирано се менуваше на едната или другата страна.

Но, Данците повторно со доза на среќа во финишот на средбата славеа против Шпанија со двата погодоци на Хансен и со тоа си обезбедија место во големото финале каде што ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу Србија и Хрватска.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes