Со победата над Словенија во битката за 5. место Македонија си обезбеди место во квалификациите за пласман на Летните Олимписки игри во Лондон 2012 година.
„Најпрво да се заблагодарам на целата Македонска нација која не поддржуваше во текот на целото Европско првенство, благодарност до стручниот штаб и до сите колеги од репрезентацијата“.
„Конечно сите коцки беа на место, имавме организација како никогаш до сега, Не треба да жалиме за тоа што не се пласиравме во полуфинале, ова нека биде една отскочна даска за понатаму“.
„Игравме на ова првенство како едно семејство, игравме со скршени носови, раце, со болки во грб, половина, овие момци се лавови а сега на ред е квалификацискиот турнир за Олимпијада. Од секогаш сонувам да го носам Македонското знаме на една Олимпијада“, изјави Лазаров по крајот на средбата со Словенија.

