SportDenes

Македонија 5. европска ракометна сила

Оценка
(1 глас)
Македонската ракометна репрезентација со 28:27 славеше над Словенија и со тоа го обезбеди 5. место на Европското првенство во ракомет и пат на квалификациите за Олимпискиот турнир во Лондон.
Дојде и моментот да се одигра последниот, но и најважен натпревар на Европското првенство, Македонските момци одиграа одлични 6 натпревари во кои се изборија за овој натпревар за 5. место.

За потсетување, во првата фаза играна во Ниш нашите момци почнаа со реми против Шведска по што следуваше несреќниот пораз од Германија за да си обезбедиме виза за Белград преку Чешка.

Втората фаза ја започнавме со позитива од 6 разлика на полувремето со Данска, но среќата не беше на наша страна па дуелот, можеби решавачки од овој аспект за влез во полуфиналето, го изгубивме во последната секунда.

Сепак, успешната одисеа на црвено-жолтата фаланга продолжи со победите на Полска и Србија, победи кои ни го донесоа 3. место во групата 1.

Денешниот дуел започна добро за противникот, набрзо Словенците поведоа со 2-0 но потоа нашите момци 10 минути не им дозволија да ја затресат нрежата на извонредниот Борко Ристовски а во меѓувреме со серија од 5-0 направивме комплетен пресврт и го зедовме водството во наши раце, па не го испуштивме до самиот крај на полувремето.

Словенците во никој случај не се предадоа, предводени од Зорман ја сопираа секоја наша серија и повторно се враќаа во игра за да во игра гол-за гол во самиот финиш Кирил Лазаров не донесе во предност од 16:12 по првите 30 минути.

Вториот дел како по традиција го играме доста слабо па им дозволивме на противниците да направат серија од 3-0 и 5-0 со која стигнаа до водство од 2 гола разлика.

Сепак Темелков и Миркуловски успеаа да ја вратат нашата селекција преку одличните погодоци и исклучување на противничките ракометари за серија од 4-0 на 11 минути пред крајот и водство од 25:22.

Трилер завршницата продолжи, 6 натпревари го одигравме така па и во седмиот последните 10 минути момците на Шундовски дозволија противникот да стигне до 1 негатива на 4 минути пред крајот преку слабата одбрана и двата прецизно шутнати пенали од страна на Звижеј.

Миркуловски на минута ипол пред крајот повторно и донесе предност од 2 гола разлика, но веќе во наредниот напад Ангеловски доби 2 минути исклучување а Звижеј намали на 28:27.

Следуваше напад на нашите момци кои не успеавме да го искористиме а во последниот напад на Словенците, Борко Ристовски херојски го одбрани последниот шут на Доленец за победа на Македонија.
BetAdria.com

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes