Кире пред почетокот на средбата со Словенија имаше постигнато 53 погодоци од 97 упатени шутеви кон противничките голмани, односно 55% реализација.
Уште во првото полувреме од дуелот против Словенија, нашиот капитен го изедначи рекордот на Стефансон забележан на Европското првенство во 2002. година одиграно во Шведска а до крајот на средбата истиот го зголеми за три погодоци.
Да потсетиме, Лазаров го држи и рекордот за најмногу постигнати погодоци на Светските првенства со 92 погодоци со што е единствен играч во историјата на големите ракометни првенства што успеал да биде најдобар стрелец на Европско и на Светско првенство.

