SportDenes

Лазаров: Олимпијадата е сон за секој спортист

Оценка
(1 глас)
Последниот натпревар на Македонија на Европското првенство може да донесе 2 убави работи за националниот тим и за капитенот Кирил Лазаров.
Нашите момци со победа над Словенија ќе го освојат 5. место на Европското првенство и ќе се пласираат на Квалификациите за пласман на Олимписките игри во Лондон.

Додека, доколку Лазаров постигне 6 погодоци ќе стане најефикасниот стрелец на Европските првенства, „леворакиот бомбардер“ до сега има 53 погодоци.

„Победа над Словенија ќе ни донесе 5. место и пласман на Квалификациите за ОИ, а тоа е најважното за секој еден спортист, тоа е остварување на нашиот сон и сигурно ќе дадеме се од себе да го оствариме“.

„Словенците се компактна екипа, не се за потценување воопшто, тие исто како и нас се изненадување на првенството, не ме интересираат личните признанија и награди, ракометот е тимска игра и без моите другари јас на теренот не можам ништо“
, истакна Лазаров во интервју за официјалниот сајт на првенството.
BetAdria.com

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes