SportDenes

Против Словенија за 5. место и Олимпијада

Оценка
(0 гласови)
Селекцијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Европското ракометно првенство во Србија, со почеток од 15:15 наш противник ќе биде Словенија.
Иако многумина предвидуваа дека одисејата на Македонија на ова ЕП ќе заврши доста порано, но нашите момци ќе играат за 5. место и пласман на Квалификацискиот турнир за Олимписките игри во претпоследниот натпреварувачки ден на Европското првенство.

Ова ќе биде првата екс-Ју битка во текот на денешниот ден, бидејќи во второто полуфинале ќе се сретнат Србија и Хрватска додека пред нив силите ќе ги одмерат Шпанија и Данска.

Двете селекции се вистинско изненадување на овој турнир и додека Словенија во комплетност се потпира на хемијата од искуство и младост, Македонија покрај долготрајното заедничко играње, главна носечка сила е и публиката која е прогласена за најдобра на Европското првенство.

Победникот од овој натпревар покрај тоа што ќе го обезбеди 5. место на турнирот, ќе добие шанса да игра на еден од Квалификациските турнир за Олимписките игри.

Словенците својата игра воглавно ја базираат на крилата, играат брз ракомет, но нивна главна слабост е ниската постава со која располагаат во овој момент.
BetAdria.com

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes