SportDenes

Борко Ристовски: Мораме да ја зграпчиме шансата

Оценка
(1 глас)
Голманот Борко Ристовски повторно беше клучна фигура во финишот на еден од натпреварите на Македонија на Европското ракометно првенство.
Откако ги спречи Пољаците да се вратат во игра во 2. коло, тој ги откажа и Србите од можноста да дојдат до изедначување на последниот натпревар од нашата група на Европското првенство.

„Ова беше тежок натпревар за нас, одигравме многу силни натпревари во кои треба да се има многу сила за да се издржи ова пеколно темпо“.

„Имаме уште еден натпревар пред нас. Нашиот последен противник Словенија е доста незгоден но ние ќе дадиме се од себе, не смееме да ја пропуштиме шансата да се пласираме на Квалификацискиот турнир за Олимписките игри“
, истакна Ристовски по крајот на средбата.
BetAdria.com

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Sport Denes