Шундовски на пресконференцијата по крајот на средбата посочи дека шутот на Лазаров на 5 секунди пред крајот на средбата бил избрзан и дека можело да се почека барем уште 1-2 секунда.
„Ова беше исклучително тежок натпревар, одигравме одлично прво полувреме, но во вториот дел паднавме. Тоа можеби е дело на 4. последователни силни натпревари во рамките на неколку денови“.
„Недозволиво е при 6 позитива да се прават егзебиции, не против Скандинавци и не на Европско првенство. Се надевам на идните средби ќе бидеме далеку попаметни“, заврши Шундовски.

