Балотели ја паркирал колата пред колеџот “Ксаваријан“ во Манчестер и се упатил во Вц ето.
„Праша каде е ВЦ-то, па го упатив во оној на професорите“-изјави очевидец.
Кога излегол го чекале навивачи на Сити.
„Навивачи на Сити го следеа, кога си заминуваше беше многу љубезен, но се однесуваше како колеџот да е негов“- изјави еден студент.
„Имавме чест да не посети господин Балотели, дојде на вистинското место, познато е дека сме еден од најдобрите колеџи во Манчестер. Не посети некои од нашите часови, но секогаш е добродојден“- пишува во соопштението на колеџот.
М.Д

