Сепак Деспре во генералниот пласман е лидер и е многу блиску до победа во релито кое завршува денес.
Единствениот посериозен конкурент на Деспре, шпанецот Марк Кома имаше грешки со навигацијата и загуби повеќе од 13 минути со што заврши на 18. место на предпоследната етапа на релито.
Елдер Родригес ги помина 275. километри од Наска до Писко за 3 часа, 21 минути и 16 секунди со што за 47 секунди беше подобар од Деспре.
На третото место на оваа етапа заврши шпанецот Виладомс со КТМ, кој имаше 3 минути послабо време од победникот Родригес.

