SportDenes

Гордон славеше а Петерхансел останува лидер

Оценка
(0 гласови)
Стефан Петерхансел со Мини ја зачува комфорната предност на Рели Дакар и после 12. натпреварувачки ден после етапата од Арикапа до Ниска.
Лидерот во генералниот пласман на оваа етапа се соочи со доста проблеми при поминувањето на дините, но исто така проблеми имаше и Нани Рома, кој е негов главен противник.

Разликата помеѓу двајцата пилоти кои се број 1 и број 2 на Дакар 2012 во овој момент изнесува 20 минути.

На етапата славеше Роби Гордон со Хамер, но американецот е надвор од трката за победа. Тој го завзема 4. место со 1 час и 44 минути заостанување.

Трет е Жинниел де Вилиер со Тојота кој заостанува со 1 час и 6 минути зад лидерот, а Леонид Новицки со Мини го дополнува местото во Топ 5.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes