SportDenes

Петерхансел продолжува уверливо на Дакар

Оценка
(0 гласови)
Стефан Петерхансел успеа да ја зголеми предноста на врвот од Генералниот пласман после 11. етапа од релито Дакар.
Петерхансел славеше на 11. етапа со 3:44 минути подобро време од својот клубски колега Нани Рома и ја зголеми предноста пред шпанецот во генералниот пласман на 22:49 на два дена пред крајот на натпреварувањето.

Поранешниот победник на Релито, Жинел де Вилиер беше четврти на оваа етапа и има комфорна прднсот на третото место во временскиот пласман. Јужноафриканецот е трет со 1 час и 11 минути заостанување зад Петерхансел.

Четвртопласираниот Гордон е на повеќе од 2 часа заостанување и веќе ги загуби теоретските шанси да се приближи кон првата позиција, Леонид Новицки со третото Мини е веднаш зад него со 1 минута послабо време.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes