Мекејлеб го одведе својот Монтепаски до важна победа на гости кај Реал Мадрид, а за прикажаната игра, го заслужи признанието за најдобар играч на колото.
Тој воедно е и кошаркаркот кој постигна најголем број поени во ова коло (25), реализирајќи ги со 90 проценти шут од поле. Исто така е и трет најдобар асистент, зад Омар Кук и Виктор Хријапа.
Лестер Бо Мекејлеб води во вкупната поединечна статистика според бројот на постигнати поени и според индекс-ранкингот во Топ 16 фазата досега.
Тој реализира 21,5 поени по натпревар и има 29,5 индекс-ранкиг. Во вкупната статистика, за целата сезона во Евролигата, моментално е втор најдобар играч зад ѕвездата на ЦСКА Москва, Андреј Кириленко и трет најдобар стрелец зад Мирза Телетовиќ и Василис Спанулис.

