Во неизвесен натпревар во Атина, ЦСКА Москва славеше против Олимпијакос со 86-78, за продолжување на победничката серија и во Топ 16 фазата.
Нашиот капитен, Перо Антиќ, одигра 17 минути на натпреварот и беше еден од најдобрите на теренот, но мораше порано да замине на клупа поради пет лични грешки. Антиќ реализираше 13 поени на кои додаде три скока и една украдена топка.
Монтепаски на Лестер Бо Мекејлеб го помина целото второ полувреме против Билбао Баскет во водство и заслужено славеше со 81-67, за успешно отворање на овој дел од сезоната во Евролигата.
Мекејлеб го предводеше својот тим до триумфот со 18 поени, два скока, две асистенции и една украдена топка, а за овој перформанс по мечот беше избран за МВП.

