SportDenes

Торус поразен од Рилски, останува без 1/4-финале во БИБЛ

Оценка
(0 гласови)
Екипата од Скопје ќе го заврши својот дебитантски настап во регионалната лига по групната фаза. Со поразот од Рилски во претпоследното коло, Торус СЦБТ ги загуби и теоретските шанси за пласман во плејофот за фајнл фор турнирот.
Тимот на Марјан Србиновски добро го почна натпреварот и преку расположените Џастин Рејнолдс, Димитар Караџовски и Ивица Димчевски, ја заврши првата четвртина со предност од 22-14.

Рано во вториот период, нашиот состав за прв пат поведе и со двоцифрена разлика (27-17), но Рилски направи серија од 6-1 со што почна да ја топи предноста и на секунди до крајот на полувремето стигна и до првото водство на мечот од 42-41.

Оваа победа сериозно го приближува Рилски до посакувано место во плејофот за фајнл фор турнирот, додека Торус СЦБТ и официјално ги загуби шансите за пласман понатаму.

Дебитантската сезона на Торус СЦБТ во БИБЛ лигата ќе заврши со двата последни натпревари во Скопје против Темишвар и Галил Билбоа закажани за 28 февруари, односно 6 март.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes