SportDenes

Фени со пораз се враќа од Крушевац

Оценка
(0 гласови)
Актуелниот шампион во БИБЛ лигата, Фени Индустри, загуби на гостувањето кај Напредак Крушевац со 81-77, со што не успеа на три кола до крајот да го осигура своето место во четвртфиналето од регионалното натпреварување.
Напредак ја доби првата четвртина со 22-17, но избраниците на Емил Рајковиќ успеаја со добар напад во вториот период, да заминат на полувреме со предност од 43-41. Неизвесно се играше во второто полувреме, но домашните кошаркари ја стегнаа одбраната во последниот период и стигнаа до важен триумф од 81-77.

Иван Лилов беше најдобар играч во Фени Индустри со 24 постигнати поени, а меѓу подобрите беше и Кирил Николовски со 8 поени и 6 скокови. За тимот од Кавадарци дебитираше новото засилување од САД, Ерик Бозман, кој го заврши мечот со 4 поени, 1 асистенција и 2 загубени топки. Во српскиот тим, Славен Чупковиќ со 21 поен беше најдобар поедине

Иван Лилов беше најдобар играч во Фени Индустри со 24 постигнати поени, а меѓу подобрите беше и Кирил Николовски со 8 поени и 6 скокови. За тимот од Кавадарци дебитираше новото засилување од САД, Ерик Бозман, кој го заврши мечот со 4 поени, 1 асистенција и 2 загубени топки. Во српскиот тим, Славен Чупковиќ со 21 поен беше најдобар поединец.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes