SportDenes

Патот до Олимписките игри - Лондон 2012

Оценка
(1 глас)
Македонската кошарка+рска репрезентација попладнево, со почеток од 16:30 часот ќе го одигра Малото финале на Евробаскет 2011, во битка за бронзениот медал, избраниците на Докузовски ќе се сретнат со селекцијата на Русија.
Помеѓу Македонците владее огромна кошаркарска еуфорија но и една нејаснотија, дали сме се пласирале на Олимписките игри 2012 во Лондон или ќе мораме да играме квалификации за пласман на истите.

Краткиот одговор е: Ќе играме дополнителни квалификации за пласман на Олимписките игри 2012 во Лондон.

Квалификацискиот турнир ќе се одржи пред почетокот на олимпијадата, од 2. до 8. Јули а засега Венецуела, Порто Рико и Литванија ја истакнале својата кандидатура да го организираат. На турнирот учество ќе земат 12 селекции од кои 3 ќе изборат место на Олимписките игри.

Досега се познати 11. учесници на овој турнир, 4 од Европа, 3 од Америка, 2 од Африка и 1 од Океанија, недостигаат само учесниците од Азија, со оглед на тоа што Азискиот шампионат сеуште не е завршен.

Претставници од Европа: Македонија, Русија, Литванија, Грција
Претставници од Америка: Домениканската Република, Порто Рико, Венецуела
Претставници од Африка: Ангола, Нигерија
Претставник од Океанија: Нов Зеланд

12. земји учеснички се делат во 4 групи со по 3 селекции, во согласност со ранкингот земјите претходно се распоредуваат во три бокса, првиот речиси сигурно е за европските селекции.

По одиграни две кола во секоја од групите, првопласираните две селекции одат во осминафинале, каде што се игра по принципот на вкрстување прв/втор по што победниците земаат учество во полуфиналната фаза.

Интересно е што победниците во полуфиналињата, не играат финале, бидејќи тие директно изборуваат место на Олимписките игри, а поразените имаат втора шанса, преку третото место да си обезбедат вајлд карта за ОИ Лондон 2012.

Квалитетите на европските селекции кои ќе учествуваат на овој турнир ни се познати, веќе игравме со сите нив, Литванија и Грција ги добивме, несреќно бевме поразени од Русија, но имаме шанса за реванш. Од останатите учесници единствено конкурентен е тимот на Порто Рико, сите останати се подпросечни селекции со кои лесно би се справиле.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes