Да почнеме со фудбалските вештини, Балотели на последниот дуел против Манчестер Јунајтед потврди дека покрај тоа што има 21 година тој е еден од најдобрите голгетери во овој момент.
Своите фудбалски способности ги покажуваше и до сега во тимот на Манчестер Сити, но ги покажуваше и во редовите на Интер, тимот од каде што потекнува, тимот кој му даде шанса да се докаже, иако навива за најголемиот ривал, Милан.
Но сепак, што е она што го спречува Балотели да биде ценет играч од светска класа, да биде почитуван од фановите, респектиран од тренерите и пред се играч кој ќе биде омилен кај помладите, идол!
Нормално е дека нема да биде идол човек кој 6 дена во неделата ги полни светските весници и веб сајтови со сообраќајки, искршени коли вредни цело богатство, луди забави до раните часови, палење куќи, а еден ден е фудбалски херој, кој го совладал Јунајтед, постигнувајќи му два погодоци.
Во редовите на Интер, Балотели ја погази гордоста на сите нероазури и тоа на два пати, најпрво го фрли и го газеше сино-црниот дрес, а потоа во едно од најгледаните ток шоуа го облече дресот на Милан, тим за кого одсекогаш кажува дека е негов омилен, покрај тоа што е најголем ривал на Интер.
После сите тие престапи и големиот притисок од страна на фановите, Интер се реши да го продаде па Балотели се најде во составот на Роберто Манчини, во тимот на Манчестер Сити.
Ниту Манчестер не успеа да го смири бурниот темперамент на Балотели, тој продолжи со своите будалаштини но на изненадување на сите пред два дена во интервју даде до знаење дека се променил, се преселил на периферијата од Манчестер во мирно маало и заедно со девојката и својот брат живеат мирен живот... но... ???
На ден пред најголемото дерби за Сити, она против Манчестер, Балотели правејќи забава во својата куќа ја запали бањата при што мораше да се „дружи“ со пожарникарите до 2:30 часот по полноќ, а потоа требаше да игра фудбал и тоа од првата минута и тоа против Манчестер Јунајтед, актуелниот шампион на Англија.
Но, Балотели е вундеркинг во фудбалот, покрај сите будалаштини, тој го сруши Јунајтед, му даде 2 гола, за фаул против него Еванс заработи црвен картон, учествуваше во акцијата за третиот погодок, а потоа го напушти теренот како херој.
Очигледно е дека неговата изјава дека пораснал падна во вода, тој е и со сигурност и во иднина ќе биде поврзуван со многу инциденти, но на теренот тој е и со сигурност ќе биде расен стрелец, па кој заклучок би можеле да го дадеме?!?
Едноставно човек не знае дали да го почитува според квалитетот на фудбалот, или да го критикува поради палавштините, иако изјави дека се смирил и пораснал... но едно е сигурно Балотели е вундеркинг во фудбалската игра.
П.С

