SportDenes

Македонија ги почнува квалификациите за ЕП

Оценка
(0 гласови)
Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва го започнува походот кон пласман на Европското Првенство 2012 година кое ќе се игра во Холандија.
Во целиот македонски табор владее позитивна атмосфера а фактот што првиот натпревар се игра против далеку понеквалитетниот состав на Литванија, кој пристигна без 4 првотимки е уште еден предуслов за успешен старт.

Селекторот Гино Стрезовски на пресконференцијата пред почетокот на квалификациите истакна дека за нас како ракометна нација се, освен пласман на завршницата на Европското првенство ќе биде неуспех.

На овој натпревар, како и на претстојниот со Турција нашата селекција ќе биде ослабена со неиграњето на Јулија Портјанко, Ленче Илкова и Драгица Кресоја, но сепак селекцијата на Гино Стрезовски е далеку поквалитетна од противничките.

„Ни одговара било каква победа над Литванките, мораме да го почниме овој квалификациски циклус со победа. Покрај тоа што ние познат нивниот квалитет, сепак ние се подготвуваме максимално добро, никого не смееме да потцениме“, дополни Стрезовски.

Македонија се има сретнато со Литванија и за време на квалификациите за претходното европско првенство кое се играше во Данска и Норвешка, при што забележавме две лесни победи во двата дуели.

Натпреварот ќе започне со почеток од 20:00 часот а ќе се игра во СРЦ Кале во Скопје.
Спорт Денес

Спорт Денес е еден од првите Македонски спортски портали, основан на 29. Мај 2008 година. Повеќе од 3 години опстојува на македонскиот е-медиумски а наша цел е Спорт Денес да прерасне во поим за спортски портал во Македонија.

BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes