За игрите во Лондон, учество веќе имаат обезбедено Велика Британија - како домаќин, првакот на светот Франција, шампионот на Азија - Јужна Кореа и првакот на Пан-Американските игри, Аргентина.
Директен пласман ќе обезбеде и шампионот на Европа, како и Шампионот на Африка.
Шесте најдобро рангирани екипи од Светското првенство 2011 година кои до сега не се кваликфикувале за ОИ (Данска, Шпанија, Шведска, Хрватска, Унгарија и Исланд), ќе учесвуваат на три квалификациски турнири кои ќе се одржат од 6. до 8. Април. По две репрезентации од секоја група ќе изборат виза за Лондон.
На турнирот во Данска ќе играат селекциите на домаќинот, Унгарија и по една екипа од Европа и Африка. На турнирот во Шпанија покрај домаќинот ќе игра Исланд, Бразил и европска селекција. Швеѓаните исто така ќе бидат домаќини на квалификациски турнир а покрај нив ќе бидат и Хрватска, Јапонија и Чиле.
Доколку Франција стане европски шампион, вториот финалист автоматски ќе се квалификува за Олимписките игри. Во случај Шпанија, Шведска или Данска да изборат место за Лондон, третиот турнир ќе биде одржан во Хрватска а според пласманот од Светското првенство, Полска ќе се најде на него.
Две најдобро пласирани екипи од турнирот во Србија, кои се немаат пласирано на Олимпијадата или на некои од трите квалификациски турнири ќе се најдат во квалификациите. А екипите кои се борат за тоа место се: Македонија, Словенија, Србија, Словачка, Полска, Германија, Чешка, Норвешка и Русија.

