SportDenes

Меси повторно му одржа лекција на Кристијано

Оценка
(1 глас)
Спорот помеѓу двајцата најдобри фудбалери во светот Лионел Меси и Кристијано Роналдо повторно заврши со триумф на Аргентинецот.
Покрај фактот што победата на сино-црвените беше исклучително тимска заслуга, Десетката покажа дека може да се справи многу подобро од CR7 во големата Ел Класико битка.



Португалската машина за голови имаше неколку прилики, но неговите пропуштени шанси ги лишија Белите од враќање во натпреварот и можност за нерешен исход.

Кристијано Роналдо немаше свој ден, не покажа лидерски квалитети кои беа повеќе од неопходни за дуелот со сино-црвените.

Најпрво во 25. минута побрза да шутира, неместо да игра со слободниот Анхел ди Марија. Најклучна беше пропуштената прилика во 65. минута при резултат од 1:2 со што практично се реши натпреварот.

Тројца фудбалери на Белите испаднаа лице во лице со Валдес, но ударот на Седмицата не влезе во негата мрежа. Неколку секунди подоцна Цеск Фабрегас релаизираше за конечните 3:1.



Од друга страна Лео исто така не постигна погодок но одигра многу важна улога. Во 6. минута стрелаше многу остро но Касиљас не дозволи да се затреси неговата мрежа.

Најзначаен момент за болвата беше во 30. минута, Лео ја помина линијата за врска на противникот и елегантно го проигра Алексис Санчес а овој стрелаше за 1-1.

Меси беше на прагот да се претвори во антихерој. Откако доби жолт картон за протест, тој го фаулираше и Чаби Алонсо сопирајќи опасна контра. Во тој момент Јжноамериканецот беше на тапет,но судијата не му дади втор жолт.



Израмнувајќи ги синоќешните заслуги, при што во предвид се земени само важните прилики, а не целосниот карактер на фудбалерите, Лео повторно покажа колку е значаен а од друга страна Роналдо повторно не го издржа притисокот кој беше над него.
Последно освежување во Недела, 11 Декември 2011 16:49
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes