Еден од најавторитетните дневни весници во Шпанија, АБЦ публикуваше интересна статистика од која можеме да ги видиме очекувањата од Ел Класико.
Неопходно е да го земеме во предвид и фактот дека каталонците имаат одиграно еден натпревар па и предноста во некои показатели не е баш веродостојна.
Се појави статистика за асистенции, без разлика дали потоа бил постигнат погодок. Лидер е Меси со 36 пасови. Чави има 35, кај Белите прв е Озил со 26, следуваат Ди Марија и Роналдо со по 24.
Гонзало Игуаин е играчот кој најчесто бил во офсајд позиција, 18 пати. Прв во Ла Лига според овој показател е Постига со 31 офсајд. Меси и Кристијано Роналдо имаат по 13, односно 12 офсајд позиции.
Најмногу украдени топки од двата тима има Серхио Рамос - 154. Пепе го правел тоа во 134 позиции. Лидер кај црвено-сините е Абидал со 124 украдени топки.
Серхио Бускетс е третиот најфаулиран фудбалер во Примера - има 33 прекршоци врз него. Го следат Роналдо со 32 и Меси со 31.
Помеѓу фудбалерите со најмногу извршени прекршоци во Примера од овие два тима е Серхио РАмос, кој има 24 прекршоци. Андалузиецот се наоѓа на 20. место на ранг-листата во Примера.

