SportDenes

Ел Класико на гол машините

Оценка
(1 глас)
Во сабота ќе се одигра уште едно Ел Класико, натпревар кој го чека целиот свет, овој пат домаќин на Реал и Барса ќе биде Сантијаго Бернабе во Мадрид.
Двата тима се вистински гол машини од почетокот на оваа сезона и обожаваат да постигнуваат многу погодоци. Само во Примера, Реал Мадрид има 49 постигнати погодоци, додека Барселона даде 47.

Математиката кажува дека доколку се продолжи во ист стил, двата тима ќе ја завршат Ла Лига со 133, односно 119 погодоци на своето конто, нешто што изгледа едноставно невозможно.

Лос Бланкос имаат серија од 14 последователни победи, второ најдобро постигнување во историјата на клубот, откако претходно тимот на Мигел Муњос имаше 15 последователни победи во Примера.

Во овие 14 натпревари Моутимот постигна 54 погодоци. Сино-црвените имаа мал пад во формата па дозволија заостанување од 6 поени зад лидерот. Каталонскиот тим сепак најави дека се враќа во вистинско свелто после петардата над Леванте.

Двата тима изгледаат многу силно и разнобојно во нападите. Во одбрана имаат ретки пропусти, но во секој случај секоја грешка во сабота може да биде фатална.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes