SportDenes

Работи поради кои го мразиме фудбалот

Оценка
(1 глас)
Не влегувајќи во сериозните корупциски и местачки скандали и другите лоши работи што му се случуваат на современиот фудбал, претставуваме листа на работи поради кои нам ни се загорчува животот кога е фудбалот во прашање.

Пенал рулети

Незнависно дали се работи за пенал рулет после 120 минути, или пак кога ќе го видиме Шумуликовски како ја превзема одговорноста во време кога од тој пенал зависи натпреварот, неважно е.

Работата е дека кога гледаме пенали е како некој да ни забива нож во стомак. Целиот исход на средбата зависи само од среќа, нема квалитет па според тоа (како што кажува Блатер), треба да се укинат.

Сепак, тој е веќе човек во години, нервозата и неизвесноста при пенал рулет има големи последици по неговото здравје.

„Лулање бебе“

Во ред, немаме ништо против Бебето, Мазињо и компанија така да ги слават погодоците бидејеќи:
а) тоа беше сосема нова појава во тоа време
б) тоа се случи пред 17 години и не е во ред бебето да го луламе сеуште



Сепак, секој модерен играч кој на овој начин прославува податок треба да го затвориме со бебе кое не престанува да плаче цел ден, па нека лула...

Играчи кои не прославуваат погодок против поранешен клуб

Идеата дека се лојални и верни во модерниот фудбал е одамна заборавена, колку и играчите да се трудат да покажат дека не е така.

Доколку некој за вас плати 50 милиони во било која странска валута и вие не тргнете да му дадете гол на својот поранешен клуб тогаш сте непрофесионалец, а доколку постигнете, нема потреба со солзи во очи да се правите дека ви е жал поради тоа.

Навивачите кои го напуштаат стадионот пред време

За ова едноставно нема оправдување, освен ако последниот авобус поминува десет минути пред крајот на натпреварот.

Во времето кога во живо да гледате фудбал е многу скапо и не им е достапно на сите, вистински навивач никогаш својот клуб не би го оставил на цедило. Многу е лесно да викате кога сте на прво место на табелата и не може никој да ве победи.

Но кога работите ќе почнат да се тркалаат надоле, е тогаш навистина се гледа кој го сака својот клуб...

„Ова ми е прв фаул“

Реченицата која веќе традиционално се користи при расправа со судијата на секој светски јазик звучи комплетно глупаво кога ја изговара фудбалер во момент кога судијата вади картон.



Прв фаул? Можеби... Но што доколку фаулираниот не може да стане поради тоа што му е скршена ногата, биди среќен што не ти повикале полиција!

Божји интервенции

Без навреда да го навредуваме Бог или некоја религија, некако нам ни сеч ини дека фудбарите кои (гласно) му се заблагодарува на бога кога ќе постигне погодок, победи или пак кога ќе го освои првенството и зборува за тоа дека Бог е заслужен за нивниот успех, но што се случува кога нема да се случи тоа? Бог ги заборавил?

Мирис

Чудно е како комбинацијата од поединечно непријатни мириси може да се направи арома препознатлива за фудбалски стадион.

Чад, мирисот на луѓето на трибините, печени семки, пиво, цигари и по некое мртво животно под трибините и понатаму се незаборавен епилог на секој фудбалски натпревар. Познато?

(Македонски) коментатори

Не сакаме да именуваме, но понекогаш кога нашите драги ТВ колеги пренесуваат еден фудбалски натпревар, се чини дека пренесуваат атмосфера од некој погреб.

За крај - два збора:



Сеп Блатер!
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes