Аплауз
Иако на нашите терени се почесто има свирежи, сепак кога ќе се слушне аплауз од трибините се има посебно чувство.Секако аплаузите не се наменети за противниците, последен пример е Кристијано Роналдо, португалецот најпрво беше пречекан во Босна со извици „Меси, Меси!!“ а потоа си доби и ласери во очи, по што на навивачите им врати со среден прст.
Сепак, неможеме а да не го заборавиме фантастичниот потег на фановите на Реал, имено цел Сантијаго Бернабе му аплаудираше на Роналдињо во времето кога со своите потези го уништуваше кралскиот клуб.
Навивачка песна
Навивачите се практично оние за кои фудбалот и постои. Нивната поддршка е движечка сила и инспирација за секој клуб. Уште кога целиот стадион ќе запее како едно, доволно е противникот да се дестабилизира.
Топка во глава
Особено е непроценлив оној момент кога топката ќе удре во нечија глава, иако не била наменета за него, најзабавно е кога тоа ќе биде судијата, тогаш стадионот се „кине“ од смеа.Филипо Инзаги
сите ќе се согласиме со описот на Сер Алекс Фергусон кој го даде за Пипо, според Ферги Инзаги е роден во офсајд, Пипо е класа играч во секој случај, али офсајд констатацијата за него е едноставно синоним за овој спорт.Храбрите голмани
Иако речиси никогаш не носи некаква опасност, не постои работа која повеќе го подига адреналинот од храбар голман кој во последните моменти од средбата трча во противничкиот шеснаесетник.Уште е подобро чувството кога тој исти голман трча цел терен, па не успева да постигне погодок и повторно трча назад, каде што го оставил сопствениот гол празен.
Реакции на тренерите
Една од предностите на бројните телевизиски камери кои се наоѓаат на секој натпревар е тоа што ништо не може да ни помогне. Тренерските реакции на погодоците, или пак на промашувањата на своите фудбалери.Една таква ситуација која е за помнење дефинитивно е Специјалната прослава на господинот Специјален на Специјалниот натпревар против Манчестер Јунајтед.

