Рони, Пирло и Амброзини нема да учествуваат на Емирати купот



Тренерот на италијанскиот гигант Милан, Масимилиано Алегри остави многу од фудбалерите на тимот надвор од групата која отпадува за Лондон.


За натпреварите против Арсенал и Лион, стратегот состави група од 23ца фудбалери помеѓу кои недостигаат главните фудбалери нат имот. Роналдињо доби непријатна повреда на мускулот за време на тренинг на тимот во четвртокот.

Освен него, надвор од тимот се и Марек Јанкуловски, Кахабер Каладзе, Филипо Изаги, Андреа Пирло како и капитенот на тимот Масимо Амброзини. Причината за одсуството на Пирло, Амброзини и Изаги е морот кој тие го чувствуваат во последно време.

Тројцата се спремаат под посебен режим во последните неколку денови и Алегри не сака да ризикува со нивното здравје, со оглед на тоа дека има голема веројатност некој од нив да се преоптерети и да заработи повреда.

Помеѓу 23цата патници за Лондон се: Абате, Абиати, Адиа, Алберцани, Амелиа, Антонини, Берта, Бонера, Бориело, Фламини, Гатузо, Меркел, Неста, Новиниќ, Одо, Папастатопулос, Пато, Рома, Сидорф, Штрасер, Верди, Јепес и Ѕамброта.

 


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
<a href='http://www.football-scores-live.com/'>live scores</a>
Sport Denes