
Напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор е убеден дека наредната сезона ќе биде најдобра во неговата лична кареира.
Тогоанецот е исклучително задоволен од фактот дека во новата сезона ќе го носи дресот со број 9 на својот грб.
„Имав шанса да учествувам во неколку од натпреварите во предсезонските подготовки и знам што треба да подобрам во мојта игра. Ова е и мојата основна цел засега“.
„Верувам дека можам да покажам многу повеќе на фановите на тимот. Секој напаѓач се стреми да стане подобар со секоја измината година. Убеден сум дека следната сезона ќе биде најдобрата во мојата кареира“, изјави Адебајор.
| Случајни вести | |