
Напаѓачот на Барселона, Златан Ибрахимовиќ го искажа својот страв од новиот тренер на РЕал Мадрид, Жозе Мурињо.
Според Златан, португалецот може да стави крај на хегемонијата на каталонците во Шпанија во текот на последните години.
Швеѓанецот мошне добро го познава Мурињо и неговите квалитети како тренер и мотиватор од својот престој во редовите на Интер и знае што тој може да подобри во редовите на белиот балет.
„Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот. Секогаш, кога превзема нов клуб тој од него прави машина за победи. Во текот на новата сезона ќе биде многу тешко некој да успее да го победи РЕал“.
„Не се плашам за мојата иднина во Барселона, секој пат кога одам во нов клуб првата сезона не ми е баш успешна, но потоа работите си доаѓаат на своето место“, изјави Ибра.
| Случајни вести | |