
Лионел Андрес Меси и Даниел Алвеш ќе се приклучат кон тренинзите на Барселона во текот на денешниот ден, соопштија на официјалниот сајт на Барселона.
Двајцата имаа одмор подолго од останатите играчи поради нивното учество на последниот Мундијал кој летово се одржа во Јужна Африка.
Прв од репрезентативците кои настапија на Светското првенство во таборот на каталонците се приклучи Ерик Абидал од Франција со оглед на катастрофалниот пласман во африка.
Во недела Меси и Алвеш ќе патуваат заедно со тимот на турниата во Азија. И двајцата се повикани за контролните натпревари на селекциите на 10 и 11 август но сеуште не е познато дали ќе добијат дозвола од тимот за да учествуваат на нив.
| Случајни вести | |