Ливерпул ја покажа својата сила на Филип втори, победи со 2-0

 

Големиот ден за македонскиот фудбал дојде, конечно успеавме да погледнеме натпревар на еден наш претставник во европските натпреварувања против гигант од рангот на Ливерпул.


На одличната атмосфера на нашиот најголем стадион, Националната Арена Филип втори тимот на Работнички го започна најголемиот предизвик во својата историја, предизвик кој гласи Ливерпул.

Иако Рој Хоџсон во Скопје слета со комбиниран и млад тим во кој недостигаа ѕвездите од последното Светско Првенство сепак својата класа и своето име талентираните фудбалери на мерсисајците ги покажаа на преполниот Филип втори.

Во текот на целиот натпревар фудбалерите на Работнички се обидуваа да ја контролираат играта и да ја спуштат топката на земја со цел преку проигрувања во празно да стигнат до голот на гостите од Англија но сепак не успеаа во тоа.

За разлика од нашите момци, гостите ги искористија грешките на одбраната на Работнички и со двата погодоци на Н’Гог успеа да слават на Филип Втори со 2-0 а со тоа и речиси сигурно да го обезбедат пласманот во плеј-оф колото за влез во групите од Лига Европа натпреварувањето.

Во првите 10 минути нашите момци имаа блага теренска инициатива со неколку пробиви по крилните позиции, претежно од Вандаир но во ниту еден момент посериозно не го загрозивме голот на Кавалиери. Гостите од Ливерпул претежно се закануваа кон Богатинов со брзи контранапади.

Покрај одличните почетни минути сепак Ливерпул ја покажа својата големина во 15. минута кога Аквилани се најде во казнетиот простор на Богатинов но неговиот удар беше изблокиран и топката замина во корнер. Веќе во наредниот напад, одоносно во 17. минута одбраната на Работнички направи една почетничка грешка по што Н’Гог го отвори резултатот.

Првиот удар на нашите фудбалери кон противничкот голман, Кавалиери го видовме во 30. минута но Зе Карлос преоптимистички од триестина метри упати само лесна тренинг топка.

До крајот на првото полувреме нашите фудбалери ја превзедоа инициативата на теренот и ја контролираа средината а тоа донесе до два обиди на Туневски да го совлада Кавилиери но за жал и во двата навради тој беше непрецизен а со тоа и конечниот резултат во првото полувреме остана непроменет, односно 1-0 за Ливерпул.

Вториот дел започна со инициатива на гостите од Англија кои очигледно сакаа да ја завршат својата работа уште на стартот од вториот дел со цел Хоџсон да може помирно да го очекува ревашот за седум дена.

Сепак, првата шанса во вториот дел ја имаа нашите фудбалери во 55. минута преку бразилецот Вандаир кој испадна сам пред голманот Кавилиери, после почетничката грешка на Кирјакос но не се снајде најдобро при што упати само млак удар кој беше лесен плен за гостинскиот чувар на мрежата.

Само две минути подоцна, повторно Вандаир, овој пат со шут од далечина се обиде да го совлада Кавалиери но топката заврши над голот.

Во фудбалот владее непишаното правило, кога нема да ги искористиш сопствените шанси тогаш противникот ќе те казни, тоа и се случи, нашата одбрана повторно подзаспа и повторно Н’Гог остана сам пред Богатинов и рутинирано ја затресе мрежата на Романтичарите за сигурно водство од 2-0 на својот Ливерпул.

По постигнатиот погодок страстите на теренот се смирија и претежно играта се одвиваше на средината на теренот при што нашите фудбалери го имаа поседот и се обидуваа преку нововлезениот Мојсов и Вандаир да стигнат до Кавалиери.

Во последните 10 минути нашите момци се обидоа со двојни проигрувања и додавања во празно но секогаш недостигаше последната алка, односно голгетер кој ќе успее да го совлада голманот на Ливерпул.

 


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
Челси припрема 20 милиони за Хесус Навас
Англискиот шампион Челси има сериозен интерес кон кри...
Бенитез ќе се обиде да го доведе Бејл во Јануари
Тренерот на Интер, Рафаел Бенитез има во план да го дов...
Интер го враќа Кака во Италија?!
Актуелниот италијански шампион Интер подготвува конт...
Ван дер Варт и официјално ги засили редовите на Тотенхем
Холандскиот фудалски репрезентативец Рафаел Ван дер В...
Реал Мадрид го прати Дренте во Херкулес
Тимот на Реал Мадрид успеа да се ослободи од левиот кри...
Турскиот тим го побара на позајмица ирскиот репрезентативец Роби Кин.
Ветеранот не се наигра откако беше вратен назад на Вај...

Колумни

Кој е крив за неуспехот?
  Многу години поминати во чекање, изминатите неуспешно поминати...
Барселона фаворит No.1 во ЛШ пред Реал и Челзи
  Букмејкерите го имаа својот збор по вчерашниот ждреб за групн...
За 10 години Реал потрошил 1 милијарда за нови играчи
Од почетокот на новиот век Реал е тим кој потрошил најмногу пари з...
Галактико или Митико - претворањето на страста во бизнис
„Околу 20 години сум приврзаник на Реал Mадрид, не ми било срам ког...
Adios, Гран Капитан, сега си поголем
Разделбата на Раул Гонзалес со клубот на неговото срце, Реал Мад...
Sport Denes