
Шпанската ѕвезда, Раул Гонзалез призна дека тренерот на Шалке, Феликс Магат е една од причините за неговиот трансфер во „кралскосините“.
Како што е веќе познато, вчера легендарниот напаѓач беше представен како нов играч на тимот од Гелзенкирхен, откако во понеделникот официјално се раздели со Реал мадрид.
„Благодарам до Магат за довербата. Тој е човекот поради кој сум тука. Имав многу понуди, но и Шалке и Магат вложија многу напори да ме доведат во Германија. Нивниот интерес трае со месеци. Бундеслигата е едно од најатрактивните лиги во Европа, тука се игра убав фудбал. Гледачите очигледно го оценуваат, бидејќи стадиноте се постојано полни. Што се однесува до моите цели, кога играте како напаѓач, сакате да постигнете што е можно повеќе голови. Но, тоа мое да се случи само ако играме како тим. Не сум поставил одредена бројка како цел.“ - рече Раул.
Раул ќе дебитира утре за Шалке за време на турнирот „Лига тотал Куп“, кој ќе се одржи на „Фелтинс Арена“. Првиот натпревар „кралскосините“ го играат против Хамбурегер, во кој игра поранешниот соиграч на Раул од Реал Мадрид, Руд Ван Нистелрој.
| Случајни вести | |