„Бевме блиску до постигнување договор со Сити, бев убеден дека Тевез ќе дојде. Направив се што беше во моја моќ, повеќе не можев. Се беше подготвено за негово доаѓање, но се тргна наопаку.“
„Во секој случај нашите односи со англискиот клуб се добри, сите недоразбирања се решени. Сакам да му се заблагодарам на самиот играч, кој до петокот чекаше расплет на ситуацијата. Ќе разговараме повторно во јуни“-изјави Галијани.
Главниот виновник за непотпишување догповор е Сити, кој не сакаше да ги намали своите апетити. Тевез е осуден на невидливост во редовите на англискиот клуб.
„Манчини јасно кажа дека не го сака Тевез во својот клуб. Карлос ќе мора да се врати, ќе игра во резервниот тим, а за се е одговорен Манчини. Манчини има многу среќа но не знае да ја искористи. И додека беше во Интер и сега, морате да признаете тој води многу богати тимови, па не се грижи за засилување.“
„Тој е тренер кој лесно ги отфрла квалитетите на Адебајор, Белами и Тевез, играчи кој секој тренер би ги посакал“- изјави застапникот на Тевез.
М.Д

