Старата дама поведе со погодок на Алесандро Матри во 42. минута, со што го постави конечниот резултат на првото полувреме кое помина во доминација на домаќините.
На стартот од второто полувреме, тимот на Удинезе ги казни домаќините за пропуштените прилики откако во 56. минута Антонио Флоро Флорес изедначи, но сепак Матри донесе три поени во 62. минута со својот втор погодок на средбата.
До крајот на натпреварот гостите не успеаа по втор пат да ја изненадат одбраната на Јувентус па фудбалерите на Антонио Конте стигнаа до важната победа во битка за Скудетото.
Јувентус продолжува да е лидер, но сега веќе има 40 поени, 4 повеќе од второпласираниот тим на Милан. Шампионот денес го пречекува Каљари, Удинезе пак е трет со 38 поени.

