SportDenes

Каранка: Роналдо беше на ниво, Озил се враќа во форма

Оценка
(1 глас)
Помошник тренерот на Жозе Мурињо во тимот на Реал Мадрид, Ајтор Каранка после победата од 3-1 над Сарагоса изјави дека тимот не одиграл одлично.
Тимот од престолнината веќе има 7 поени предност на врвот на табелата на Примера пред вечниот ривал Барселона, кој успеа да извлече само нерешени 0-0 на Ел Мадригал против Виљареал.

„Не игравме толку добро колку што сакавме, но сепак сме задоволни поради тоа што победивме. Роналдо играше на доста високо ниво, тој се адаптира многу добро кон тимската игра“.

„Што се однесува до Месут Озил, тој повторно ја враќа препознатливата форма од минатата сезона. Кака исто така постигна погодок а тоа доста не радува“
, изјави Каранка.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes