Во рамките на 21. коло од шпанскиот шампионат, тимот на Барселона одигра нерешени 0-0 како гостин на Ел Мадригал во дуелот со Виљареал.
Оваа погрешна стапка им дозволи на Кралевите да избегаат цели 7 поени пред Барселона. Лео Меси немаше свој ден на овој натпревар па пропушти неколку извонредни прилики.
Четвртата последователна титула за Барселона веќе претставува илузија со оглед на тоа што тимот на Реал Мадрид игра фантастичо против сите противници, со исклучок на Барселона.
Сино-црвените ја имаа доминацијата на топката, но сепак одбраната на Виљареал беше на висина на задачата и воопшто не им дозволија на Каталонците да стигнат до изразити прилики пред својот гол.
Ова е шести нерешен дуел на Каталонците во Ла Лигаи покрај тоа што Барселона има само еден пораз, тимот на Пеп Гвардиола е далеку зад Реал Мадрид.

