SportDenes

Реал продолжува супериорно кон титулата

Оценка
(1 глас)
Тимот на Реал Мадрид продолжува супериорно да чекори кон титулата во Ла Лига откако Кралевите славеа со 3-1 во дуелот со Сарагоса во рамките на 21. коло.
Кралевите како по традиција во последните натпревари Белите беа први кои примија погодок, откако Анхел Лафита во 11. минута ја затресе мрежата на Икер Касиљас.

Сепак, надмоќноста на белите дојде во израз во наредниот период каде што најпрво Кака во 32. минута изедначи на 1-1 со што го постави конечниот резултат на првото полувреме.

Во вториот дел на сцена стапи Кристијано Роналдо кој во 49. минута ја искористи асистенцијата на Озил, а Месут Озил во 56. минута ја потврди победата на Белите.

Со овој триумф, тимот на Реал Мадрид го искористи киксот на најголемиот ривал, Барселона, и се одлепи на позитива од 7 поени на врвот од табелата.

Тимот на Реал Мадрид веќе има 70 постигнати поени во 20 натпревари одиграни во Примера, или просечно по 3.5 по натпревар. Сарагоса останува на дното на табелата.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes