Како што е познато, Аргентинецот се најде во судир со менаџерот на Граѓаните, Роберто Манчини во текот на Октомври, откако одби да влезе во игра на дуелот од Лигата на шампионите против Баерн.
Ваквото поведение го налути Манчини и од тогаш почна агонијата на Тевез кој ниту еднаш не доби шанса да се докаже во небесно синиот дрес на тимот од Манчестер.
Иако се очекуваше во текот на летниот трансфер период Тевез да биде продаден, откако се водеа интензивни преговори со тимовите на Милан и ПСЖ, но сепак тој остана во клубот.
„Сакам искрено и безрезервно да се извинам на сите во клубот, сите кои ги предадов со моите постапки во текот на последните неколку месеци. Сакам да продолжам да играм фудбал за Сити“, изјави Тевез за официјалниот сајт на лидерот во Премиер лигата.
Во исто време Аргентинецот ја повлече жалбата за решението на клубот да го казни со 6 неделна плата која изнесува приближно 1.2 милиони фунти.

