SportDenes

Ливерпул поуспешен од Сити

Оценка
(1 глас)
Тимот на Ливерпул се пласираше во финалето на Карлинг Купот откако успеа да извлече нерешени 2:2 на реваншот со Манчестер Сити на својот Енфилд.
Мерсисајдците славеа на првиот натпревар со 1-0 па со вкупен резултат од 3-2 си го обзбедија пласманот во големото финале кое ќе се игра на Вембли.

Домаќините два пати имаа негатива во резултатот, но и во двата наврати успеаа да дојдат до нерешен исход, а тоа беше доволно за нив да продолжат понатаму.

Најџел де Јонг ги донесе Граѓаните во предност во 32. минута од средбата, но Стиви Џерард изедначи преку успешно изведен пенал на 4 минути пред крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме Един Џеко повторно ги донесе гостите во предност во 68. минута, но Крег Белами ги оформи конечните 2-2 во 75. минута од средбата.

Во големото финале кое ќе се одигра на 26. Февруари на Вембли, противник на Ливерпул ќе му биде тимот на Кардиф Сити.
BetAdria.com


Табела - Премиер лига

Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes